16 април, 2025
ПочетнаСВЕТЕрдоган и Бајден ќе се состанат на самитот на НАТО

Ердоган и Бајден ќе се состанат на самитот на НАТО

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој го блокира членството на Шведска во НАТО, оваа недела на самитот на Алијансата во Вилнус ќе се сретне со американскиот претседател Џозеф Бајден, соопшти вечерва турското претседателство.

„Лидерите се договорија да се сретнат во Вилнус и детално да разговараат за билатералните односи и регионалните прашања“, се вели во соопштението од кабинетот на Ердоган.

Бајден денеска ја започна европската турнеја во чии рамки во вторник и среда ќе присуствува на самитот на НАТО во главниот град на Литванија.

Заедно со Унгарија, Турција е единствената од 31 земја на НАТО која сè уште го нема ратификувано членството на Шведска.

Ердоган ја блокира кандидатурата на Шведска, обвинувајќи го Стокхолм дека ги засолнува турската опозиција и курдските активисти од движењата што Анкара ги смета за „терористички“.

Унгарија, која исто така го блокира приемот на Шведска, посочи дека ќе даде согласност доколку Турција го стори тоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП