27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„BP“ инвестира во стартап за биогориво

„BP“ инвестира во стартап за биогориво

Британскиот нафтен гигант „BP“ инвестираше во стартап од Калифорнија користејќи остатоци од храна и друг отпад за производство на гориво со ниски емисии, пишува „Bloomberg“.

Корпоративниот ризичен капитал на нафтениот гигант „ВР ventures“ инвестираше 10 милиони долари во „WasteFuel“, компанија која го претвора отпадот од домаќинствата и земјоделството во одржлива енергија, вклучително и биометанол за транспорт.

„Компанијата презема активности за производство на повеќе биогорива, со цел да испорача околу 100.000 барели дневно до 2030-та година за да помогне во декарбонизирањето на транспортот“, рече Филип Шолцел, потпретседател за биогорива од следната генерација во компанијата.

Поморската индустрија, која врши над 80% од светската трговија, е одговорна за речиси 3% од емисиите на јаглерод диоксид предизвикани од човекот. Во моментов во седиштето на глобалниот регулатор на секторот во Лондон се водат разговори на високо ниво, кои се очекува да доведат до одлука за нови цели за намалување на емисиите до крајот на неделата.

Метанолот е еден од главните претенденти за замена на поморските горива добиени од нафта на кои моментално се потпира светската трговска флота. Може значително да ги намали вкупните емисии на јаглерод, во зависност од тоа како е направен, и веќе привлекува големи инвестиции од бродските гиганти „А.Р. Moller-Maersk A/S“ и „CMA CGM“. Сепак, има помала калориска вредност од нафтата, што значи дека ќе треба да се чуваат релативно повеќе резерви на бродот.

„WasteFuel“ го избра Дубаи како локација за својот прв проект, рече извршниот директор на стартапот Тревор Нилсен во интервјуто, без да елаборира за обемот на идното производство. Компанијата има планови за натамошно проширување и потпиша договор за соработка со „ВР“, според кој нафтениот гигант ќе прифати биометанол, кој го произведува калифорниската компанија. „BP“, исто така, ќе работи со „WasteFuel“ за да ја рафинира количината на биометанол што може да се произведе од отпадот.

„Мислам дека отпадот во светот е огромен ресурс – модерен еколошки пандан на она што Жан Пол Гети го најде во Саудиска Арабија. Побарувачката во превозот ќе биде огромна“, вели Нилсен.

Други инвеститори во „WasteFuel“ се „Maersk“, „TIME Ventures“ на Марк Бениоф и филантропот Ајлин Гети.

„Иако побарувачката за биометанол е огромна, веруваме дека горивото на „WasteFuel“ ќе се користи првенствено во транспортот“, заклучи Нилсон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП