4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Bank of America“ ја зголемува дивидендата по успешните стрес-тестови

„Bank of America“ ја зголемува дивидендата по успешните стрес-тестови

Американскиот кредитор „Bank of America“ (BofA) објави дека планира да ја зголеми својата квартална дивиденда на обичните акции од 22 центи на 24 центи по акција, почнувајќи од третиот квартал на 2023-та година, пренесува „Reuters“.

„BofA“, за разлика од другите големи американски банки, минатата недела ја одложи одлуката за дивиденда.

Ривалите „JPMorgan Chase“, „Citigroup“, „Wells Fargo“, „Goldman Sachs“ и „Morgan Stanley“ ги зголемија дивидендите за третиот квартал во петокот, откако успешно го поминаа стрес тестот на Федералните резерви (ФЕД).

„BofA“ во своето соопштение спомена дека разговара со ФЕД за да ги разбере различните резултати помеѓу стрес-тестот подготвен од централната банка и оној што компаниите го вршат според Законот Дод-Франк.

„BofA“, втората по големина американска банка, соопшти дека разговорите продолжуваат.

Годишниот стрес тест на Банката на федерални резерви покажа дека главните кредитори, вклучително и „BofA“, имаат доволно капитал за да издржат тежок економски пад, што им го отвора патот да ги откупат акциите и да плаќаат дивиденди.

Минатата година, „BofA“ ја зголеми дивидендата од 21 цент по акција во 2021-ва година на 22 центи, што е највисоко ниво од 2008-ма година, кога дивидендата беше 32 центи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП