28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИKara5 меѓу првите 2% најуспешни македонски компании, трета година по ред

Kara5 меѓу првите 2% најуспешни македонски компании, трета година по ред

Македонската ИТ компанија Kara5 веќе трета година по ред се прославува како една од првите 2% најуспешни македонски компании.

Оваа престижна награда, Сертификат за извонредност, ја доделуваат Сојузот на стопански комори на Македонија во партнерство со агенцијата за кредитен рејтинг Target Group. Сертификатот ги потврдува компаниите како дел од елитната групација која ги сочинува првите 2% од најуспешните бизниси во Македонија.

„Да се биде меѓу првите 2% најуспешни македонските компании е привилегија што сега ја доживуваме три последователни години. Како што размислуваме за влијателниот децениски пат на Kara5, ова признание не прави да се чувствуваме уште поизвонредно. Тоа го нагласува нашиот постојан раст од година во година и го слави непоколебливиот напор на целиот наш тим. Ова е за сите оние кои ни помогнаа оваа визија да ја претвориме во реалност!“, гордо изјави Војдан Карапетковски, извршен директор на Кара5.“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП