28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата конечно падна под 10 отсто, но трошоците за храна сеуште се...

Инфлацијата конечно падна под 10 отсто, но трошоците за храна сеуште се високи!

Полека но сигурно, инфлацијата се намалува од месец во месец. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во јуни годинава во однос на истиот период лани трошоците за живот се зголемени за 9,3 отсто. Но охрабрувачки е тоа што од почетокот на кризата за прв пат стапката на инфлација е под 10 отсто. Трошоците за храна и за сметки се уште се на високо ниво.

Во анализираниот период трошоците за храна и пијалаци се зголемени за 12, 1 отсто а најмногу пари граѓаните трошат за набавка на овошје и зеленчук како и за основните прехранбени производи.

Цените на месото и месните производи никако да се намалат, а високи трошоци граѓаните имаат и за набавка на млечни производи и јајца.

Реакциите во јавноста дека се зголемуваат цените на алкохолните пијалаци ги потврди и статистика.

Имено, алкохолните пијалаци се поскапи за 11,7 отсто на годишно ниво. На листата на статистичарите се најдоа вината за чии трошоци има зголемување од 13 отсто, следува пивото со зголемени цени од 11 отсто, а потоа и жестоките пијалаци за 10 отсто. За набавка на тутун се потреби средства повеќе од лани за 7,5 отсто.

Податоците на статистичарите покажуваат дека за речиси 10 отсто се намалени трошоците на граѓаните за транспорт.

Податоците пак за синдикалната минимална потрошувачка кошничка се дека едно четири члено семејство не може да го истурка месецот без 800 евра.

Најмногу пари секако се потребни за основните прехранбени производи и за плаќање на сметки.

Што се однесува сосотојбата со просечната плата таа е на ниво од 36 илјади денари, а пак минималната плата изнесува нешто над 20 илјади денари. Тоа значи дека семејства во кои има една просечна и една минимална едвај може да ги задоволат елементарните животни потреби.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП