2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЗнаеме како ќе изгледа „Nothing Phone (2)“

Знаеме како ќе изгледа „Nothing Phone (2)“

За дополнително да ја скокотка фантазијата на корисниците и да предизвика возбуда околу претставувањето, „Nothing“ објави официјални фотографии од претстојниот модел „Phone (2)“, кои покажуваат мало освежување на дизајнот.

На само неколку дена пред големото претставување на „Phone (2)“, компанијата реши официјално да покаже како изгледа телефонот во бела и сива боја. Добро познатиот јутјубер Маркус Браунли дојде до телефон, дополнително да покаже што има ново на телефоните на „Nothing“.

Прво, „Nothing“ одлучи малку да го освежи дизајнот на задниот дел од телефонот. Горниот дел и страните сега се повеќе закривени, што треба да обезбеди удобност при употреба. Додека „Phone (1)“ имаше пет посебни LED ленти, „Phone (2)“ има дури 11. Има и нов интерфејс „Glyph“ кој сега има 33 зони за осветлување, што треба да им даде на корисниците дополнително ниво на контрола над LED диодите.

На пример, задниот дел од „Phone (2)“ ќе може да прикажува јачина на звук или тајмер, а „Nothing“ не планира да дозволи користење на LED диоди за одредени надворешни апликации. Засега не се знае многу за тоа, но може да значи, меѓу другото, дека позадинското осветлување би можело да „танцува“ додека се пушта музика на „Spotify“.

Како всушност изгледаат новите зони за осветлување на „Nothing Phone (2)“, погледнете го видеото на Маркус Браунли на „YouTube“.

„Nothing Phone (2)“ ќе биде претставен на глобално ниво на 11-ти јули. Претходно беше потврдено дека телефонот се напојува со чипсет Qualcomm Snapdragon 8+ Gen 1 и има 6,67-инчен AMOLED дисплеј, батерија од 4.700 mAh и софтверска поддршка од три главни ажурирања на оперативниот систем и четири години безбедносни ажурирања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП