28 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗОва е новото „Kia Picanto“ (ФОТО)

Ова е новото „Kia Picanto“ (ФОТО)

Европската понуда во „А“ сегментот е сѐ поскромна, а еден од производителите кој сака да продолжи да биде присутен во тој сегмент е „Kia“.

Затоа, според најавите, корејскиот производител го претставува новото „Picanto“ кое сега можеме да го видиме во најпрестижното, „GT-Line“ издание.

Несомнено е дека обновениот модел го пронајде својот дизајнерски модел во поголемите модели на марката.

Предниот дел изгледа впечатливо, но со бројни детали ќе биде кошмар во случај на потреба од поправка по помали (градски) сообраќајни несреќи.

Вертикално ориентирани светла се присутни и одзади и меѓусебно се поврзани со декоративна светлосна лента.

Страничната силуета е карактеристична, а доколку ја изберете основната верзија, автомобилот доаѓа со челични тркала од 14 инчи. 15-инчните доаѓаат како опција, како и подвижниот покрив.

Новитетите се поскромни во кабината. Најголемите се воведувањето на 8-инчниот екран и дигиталната инструмент табла.

„GT-Line“ вклучува спортски „засечен“ волан со функција за греење, што е реткост во овој автомобилски сегмент.

Што се однесува до моторот, работите остануваат исти. Купувачите ќе избираат помеѓу 1.0 и 1.2 бензински мотори, сега со ревидирана електроника за да се намали потрошувачката на гориво.

Покрај рачниот менувач, има и автоматизиран.

И за крај, да кажеме дека наскоро треба да се очекуваат истите вести од „Hyundai“, со оглед на тоа што и неговиот модел „i10“ добива ново издание.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП