Рускиот народ е пообединет од кога било, изјави рускиот претседател Владимир Путин, учествувајќи преку видео врска на состанокот на Шангајската организација за соработка (ШСО), во која се вклучени Кина и Индија.
Зборувајќи за неуспешниот бунт на членовите на платеничката воена организација Вагнер, Путин изјави дека „руските политички кругови и целото општество јасно изразија единство и го зајакнаа чувството на одговорност за судбината на татковината, одговарајќи како обединет фронт на обидот за вооружен бунт“.

