3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАКОНКУРЕНЦИЈА НА ТВИТЕР: Мета ја лансира апликацијата „Threads“ во четврток

КОНКУРЕНЦИЈА НА ТВИТЕР: Мета ја лансира апликацијата „Threads“ во четврток

Компанијата Мета, сопственик на Facebook, во четврток лансира апликација која ќе му конкурира на Twitter.

Апликацијата наречена „Threads“ ќе биде поврзана со Instagram, а веќе е можно да се нарача во продавницата на Apple, јавува BBC.

Мета го опиша „Threads“ како „апликација за текстуален разговор“, а првите слики од екранот покажуваат дека контролната табла на апликацијата визуелно изгледа многу слична на Twitter.

Се чини дека оваа апликација на Мета ќе биде бесплатна и нема да има ограничување на бројот на објави што може да ги види корисникот.

„Treads“, според описот од Apple Store, е „апликација каде што заедниците се собираат за да разговараат за сè што е важно денес и што ќе биде тренд утре“.

Би-Би-Си верува дека оваа апликација може да биде голема закана за Твитер, бидејќи сопственикот на Мета, Марк Закерберг, претходно позајмувал туѓи идеи и успешно ги спроведувал.

„Reels“ на Мета се копија на Тикток, додека „Stories“ се многу слични на апликацијата Snapchat.

Мета има ресурси да се натпреварува со Твитер, бидејќи апликацијата „Threads“ ќе биде поврзана со стотици милиони сметки на Инстаграм и нема да мора да започнува од нула како нејзините конкуренти, заклучува Би-Би-Си.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП