6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗаработката на „Nike“ е малку помала од очекувањата

Заработката на „Nike“ е малку помала од очекувањата

Цената на акциите на „Nike“ падна пред почетокот на трговскиот ден во САД во петокот, откако прогнозата на производителот на спортски производи за целата година не ги исполни очекувањата на Волстрит.

Годишниот приход за фискалната 2024-та година треба да расте со средно едноцифрена стапка, предводена од нејзиниот бизнис директно кон потрошувачите, им рече на аналитичарите главниот финансиски директор Метју Френд. Аналитичарите очекуваат растот да биде близу 6%, според податоците собрани од „Bloomberg“.

Веста доведе до пад од 4,1% на вредноста на акциите на „Nike“ пред отворањето на новата трговска сесија.

Компанијата објави приходи од продажба кои ги надминаа очекувањата на Волстрит, додека профитот беше под проценетите. Резултатите покажуваат дека „Nike“ сè уште се бори да ги продаде заостанатите работи што ја поткопуваат нејзината профитабилност.

„Генерално, „Nike“ е стабилен бренд и не страда од егзистенцијална криза“, рече Нил Саундерс, аналитичар во „GlobalData Retail“.

„Меѓутоа, таа не е меѓу фаворитите и мора да прифати дека годината што претстои ќе биде година на реструктуирање, намалување и преуредување на начинот на кој работи“, додава Саундерс.

Вкупните приходи се зголемија за 5% до 12,8 милијарди долари во фискалниот четврти квартал до крајот на мај, надминувајќи ја просечната проценка на аналитичарите од 12,6 милијарди долари. Бруто маржата, клучна мерка за профитабилноста. исто така беше повисока од очекуваното, иако заработката по акција ја пропушти просечната прогноза на Волстрит.

Извршниот директор Џон Донахју се обидуваше да го продаде вишокот залихи, обложувајќи се на попусти кои ги оптоваруваа маржите. Залихите благо пораснаа во последниот квартал во споредба со истиот период лани. Компанијата го препиша падот на бруто-маржата од година во година делумно на повисоките трошоци за суровини, транспорт и логистика, заедно со повисоките попусти.

Перформансите на „Nike“ се подобрени во регионот, кој ги вклучува континентална Кина, Хонг Конг, Макао и Тајван. Овој регион е клучен за растот, а компанијата се чини дека ја враќа својата основа. Приходите таму достигнаа 1,8 милијарди долари во кварталот, надминувајќи ја просечната прогноза на аналитичарите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП