3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКолку ќе ги чини компаниите справувањето со истекувањето на метан?

Колку ќе ги чини компаниите справувањето со истекувањето на метан?

Запирањето на истекувањето на метан е еден од најефикасните начини за нафтената и гасната индустрија да се вклучи во борбата против климатските промени. Извештајот на Меѓународната агенција за енергија (IEA), исто така сугерира дека тоа е еден од најевтините методи во овој поглед, пишува „Bloomberg“.

Ако индустријата инвестира 75 милијарди американски долари, приближно еднакво на 2% од нејзината нето добивка во 2022-ра година, за да ги ограничи емисиите на метан од инсталациите до 2030-та година, тоа ќе му помогне на секторот да напредува на својот пат кон јаглеродна неутралност до средината на векот, проценува „IEA“.

„Нафтената и гасната индустрија мора да ги води напорите за справување со емисиите на метан со усвојување пристап на „нулта толеранција“ за истекување и намерно ослободување на моќниот гас со ефект на стаклена градина“, се вели во извештајот објавен во вторникот на организацијата со седиште во Париз.

„Намалувањето на емисиите на метан во индустријата за нафта и гас е една од најевтините опции за намалување на емисиите на стакленички гасови насекаде во економијата“, додаваат од организацијата.

Иако владите сè повеќе го поддржуваат намалувањето на емисиите на метан од енергетскиот сектор, извештајот покажа дека „вкупниот напредок е премногу бавен и покрај рекордните профити за нафтената и гасната индустрија во 2022-ра година“.

Вкупните емисии на метан поврзани со енергијата, вклучително и од екстракцијата на јаглеводороди, треба да се намалат за околу 75% до 2030-та година, според сценариото на агенцијата (Net Zero by 2050 – NZE), при што две третини од тие намалувања ќе доаѓаат од секторот за нафта и гас.

Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени (COP28) што ќе се одржи во Дубаи подоцна оваа година ќе биде можност за операторите да се заложат за значителни намалувања до крајот на оваа деценија, додаде „IEA“.

Ова ќе вклучува замена на пневматиците и пумпите, инсталирање системи за обновување и спроведување на програми за откривање и поправка на истекување, од кои голем дел може да се финансираат од индустријата. „IEA“ проценува дека се потребни дополнителни 15-20 милијарди долари за да се постигне истото во земјите со низок и среден приход – празнина што може да ја пополнат владите, индустријата и филантропијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП