„BMW“ претставува многу интересен производ во домен каде понудата не е премногу богата. Токму моделот „X1“ ги добива перформансите на „M35i xDrive“, кој е и првиот „М“ во семејството на најмалиот кросовер од „BMW“.
Овој автомобил е придвижуван од „M TwinPower Turbo“ мотор кој произведува 300 ks (221 kW) со зафатнина од 2,0-литри со 400 Nm вртежен момент достапен од 2.000 до 4.500 вртежи во минута.

Поврзан со седум-брзински „Steptronic“ автоматски менувач, обезбедува повеќе од респектабилни перформанси. Овој „X1“ забрзува до 100 km/h за 5,4 секунди, додека максималната брзина е електронски ограничена на 250 km/h.
Во исто време, потрошувачката на гориво според стандардот „WLTP“ е 8,0-8,5 l/100 km.

Освен што е опремен со најмоќната верзија на моторот со четири цилиндри, „X1“ добива и механичка подлога „M“ и спортско електрично серво управување заедно со опционални сопирачки „M Compound“.
Последните имаат клешти со четири клипни и дискови со дијаметар од 385 mm напред, а клешти со еден клип со дискови со дијаметар од 330 mm на задниот дел.

Ќе го препознаете моделот одзади по двојните издувни цевки на секоја страна и соодветните ознаки.
„M“ спортските седишта се достапни како опција и вклучуваат светлечко лого „M“.

Добрата вест е што „X1“ е меѓу првите кои го добија системот „iDrive“ со команди „QuickSelect“ и оперативниот систем од деветтата генерација.
Почетокот на продажбата е најавен за октомври годинава. Почетната цена на германскиот пазар е 62.000 евра.