Директорот на ЦИА, Вилијам Барнс, му се јавил на шефот на руското разузнавање Сергеј Наришкин по прекинатиот бунт во Русија минатата недела, за да го увери Кремљ дека САД не се вмешани, објавија во петокот Њујорк Тајмс и Волстрит журнал.
Телефонскиот разговор на Бернс со Наришкин, директорот на руската разузнавачка служба СВР, се случил оваа недела и бил контакт на највисоко ниво меѓу двете влади по обидот за државен удар, објави Волстрит журнал.

