9 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАУапсен сопственикот на Тинекс, Владимир Тодоровиќ

Уапсен сопственикот на Тинекс, Владимир Тодоровиќ

Синоќа беше уапсен Владимир Тодоровиќ, поранешен градоначалник на скопската општина Центар и сопственик на ланецот маркети Тинекс.

Како што дознава „Макфакс“ во акцијата е приведен и Владимир Здравев, исто така поранешен функционер на Општина Центар.

Пред 5 години Финансиската полиција поднесе кривична пријава против три лица, меѓу кои и ексградоначалникот на Општина Центар, за криминал за изградбата на пешачкиот мост „Око“, кој е дел од проектот „Скопје 2014“.

Здравев беше претседавач на Советот на Општина Центар во мандатот на градоначалникот Владимир Тодоровиќ, од 2009-2013, кога Советот ги донесе сите измени на плановите за да се изведе „Скопје 2014“.

Поранешниот градоначалник на Центар Владимир Тодоровиќ од ВМРО-ДПМНЕ е уапсен под сомневање за злоупотреба на службената положба и овластувањата и за перење пари за спомениците во Скопје, дел од проектот „Скопје 2014“. Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција закажа прес-конференција за постапувањето по предметот за проектот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП