4 мај, 2024
ПочетнаСВЕТРуски функционер откри зошто дошло до раздор меѓу ВАГНЕР И ВРВОТ НА...

Руски функционер откри зошто дошло до раздор меѓу ВАГНЕР И ВРВОТ НА АРМИЈАТА: „Сите направиле како што им кажале, освен Пригожин“

„Откако Евгениј Пригожин одби да потпише договор со руското Министерство за одбрана, тој беше информиран дека Вагнер нема да учествува во специјалната воена операција“, изјави Андреј Картаполов, шеф на комитетот за одбрана на Државната дума.

Руската агенција ТАС ја пренесе изјавата на Картополов за одбивањето на креаторот на приватната војска „Вагнер“ неговите борци да им се приклучат на официјалните руски сили.

Тој потсети дека неколку дена пред обидот за бунт, Министерството за одбрана објави дека „сите формации кои извршуваат борбени задачи мора да потпишат договор“ со Министерството.

-И сите почнаа да ја спроведуваат оваа одлука, апсолутно правилна одлука. Сите освен господинот Пригожин – рече пратеникот во Думата.

Според него, „тогаш бил информиран дека во овој случај Вагнер нема да учествува во специјалната воена операција“.

-Со други зборови, нема да се издвојуваат финансиски или материјални средства – прецизира Картаполов

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП