Викарниот епископ на Скопската епархија, со титула Епископ Давид Дремвитски порача да се запишат имињата на паратениците во македонскиот парламент кои ќе гласаат за закон за родова еднаквост за да Црквата може да ги лиши од венчавки, крштевки, погреби.
Македонската православна црква – Охридска архиепископија денеска во 18:00 часот организира сенароден собир во знак на протест поради односот на власта кон нивното барање за повлекување од собраниска процедура на предлог законите за матична евиденција и за родова еднаквост, бидејќи ги сметаат за сериозна закана за општеството, а особено за неговата основна клетка – семејството.


