3 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАШолц гарантира дека нема да има нови услови за Македонија кон патот...

Шолц гарантира дека нема да има нови услови за Македонија кон патот до ЕУ

Германскиот канцелар Олаф Шолц гарантира дека нема да има други билатерални услови за Северна Македонија на патот кон ЕУ и повикува да се усвојат уставните измени во Собранието.

„Германија сериозно ја сфаќа ЕУ перспективата на државите од Западен Балкан, а за Македонија, тоа важи посебно. Имаме голем почит за македонскиот идентитет, јазик и историја и за огромните напори што ги вложивте со реформи кон ЕУ“, рече германскиот канцелар Олаф Шолц на денешната заедничка прес-конференција со македонскиот премиер Димитар Ковачевски.

Шолц порача дека предвидените уставни измени на македонскиот Устав се од централно значење и од нив зависат многу нешта.

-Знам дека тоа не е едноставен чекор, но потребен за да се ослободи патот за пристапниот процес во ЕУ. Оттука сакам да ја охрабрам Македонија да продолжи по патот на реформите со своите заложби. Реформите не се апстрактни барања и се важни за граѓаните со позитивни влијанија, кажа канцеларот.

Премиерот на Македонија Димитар Ковачевски во рамки на официјалната посета на Берлин оствари средба со германскиот канцелар Олаф Шолц и беше пречекан со највисоки државни почести.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП