6 мај, 2024
ПочетнаСВЕТЛукашенко: Нуклеарното оружје е наше и ќе го употребиме ако има потреба

Лукашенко: Нуклеарното оружје е наше и ќе го употребиме ако има потреба

Белорусија ќе развие процедури за употреба на тактичко нуклеарно оружје како одговор на воената агресија, изјави претседателот на земјата Александар Лукашенко.

Одговарајќи на новинарско прашање дали Белорусија би имала технички можности да употреби тактичко нуклеарно оружје, кое Русија го има распоредено во таа земја, во случај на напад, Лукашенко рече дека не му треба „отпад во некој магацин“ и дека во тој случај оружјето може да остане во Русија, пренесува агенцијата Белта.

Тој истакна дека инсистира на распоредување на тактичко нуклеарно оружје во Белорусија за да се одвратат нападите.

„Никој никогаш не се борел против нуклеарна сила“. Началникот на Генералштабот на вооружените сили и првиот заменик министер за одбрана на Белорусија Виктор Гулевич, министерот за одбрана Виктор Хренин и претставниците на Комитетот за државна безбедност (КГБ) добија инструкции да разработат процедури за употреба на ова оружје.

„Заклучокот е дека имаме способност да го искористиме во случај на напад“, рече Лукашенко.

Тој објасни дека тоа се однесува на напади врз Сојузната држава, односно Русија и Белорусија.

„Тоа е наше оружје и ќе го употребиме доколку е потребно“, рече Лукашенко.

Белорускиот претседател претходно на средбата спомена дека значителен дел од руското нуклеарно оружје, кое треба да биде распоредено во Белорусија, веќе е на територијата на земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП