7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБислимовски: Евтината дневна тарифа на струјата се враќа од 1 декември

Бислимовски: Евтината дневна тарифа на струјата се враќа од 1 декември

Енергетската криза е новото нормално, смета Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Тој соопшти дека евтината тарифа на струјата се враќа од 1 декември.

„Ќе важи од 13 до 15 часот. Тоа е максимум што можеме да направиме. Евтината тарифа ја воведуваме поради сигналот на цената на електричната енергија. Цената на електрична енергија осум месеци наназад е пониска“, додаде Бислимоски.

Тој посочи дека ова е сигнал за ЕСМ и ЕВН да ги интензивираат набавките на електрична енергија.

„Треба да се навикнеме и да се приспособуваме на новото време“, посочи Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Тој додаде: „Македонија беше соочена со енергетска и ценовна криза. Имаше драстично зголемување на цените. Успеавме во најголем дел да се справиме со оваа криза“.

Граѓаните ќе плаќаат пониски цени за струја, уверува Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика. Тој рече дека е намалена и цената, која се плаќала за мрежарина, а која во изминатите месеци беше повисока и од цената на струјата.

„Донесените цени по блокови за период на висока дневна тарифа се следни: прв блок намалување од 7,04 %, втор блок намалување од 4,09 %, трет блок зголемување од 2,54 % и четврти блок зголемување од 2,42 %. РКЕ носи одлуки за цени и тарифи без ДДВ. Домаќинствата со просечна потрошувачка ќе плаќаат пониска цена за енергија и мрежарина за 4,26 %, а од декември, со почетокот на дневната евтина тарифа, ќе следува линеарно намалување од 5 % на сметките“, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика.

За намалувањата, ЕСМ придонело со намалувањата во загуби.

„Во сметките ќе го немаме проблемот дека се плаќало повеќе за мрежарин,а а помалку за енергија. Со сите мерки се стабилизира ситуацијата“, посочи Бислимоски.

Зголемувањето на ДДВ-то за струјата на 18 % се обиделе да го амортизираат.

„ДДВ-то влијае над седум проценти“, објасни тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП