8 јули, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНАСА предупредува: Џиновски астероид се движи кон земјата, ова е најблиската средба...

НАСА предупредува: Џиновски астероид се движи кон земјата, ова е најблиската средба досега

Голем астероид ита кон Земјата, а во среда ќе ни се приближи на најкратко растојание, јавува 24 часа.

Астероидот „2013 VV44“ првпат е откриен пред повеќе од девет години, поради што во своето име ја има 2013. Пречник е околу 90 метри или речиси колку фудбалско игралиште, наведува НАСА.

Покрај нас ќе биде на најблиското растојание од 3,49 милиони километри, односно 10 пати подалеку од Месечината и ќе помине со брзина од 39.600 km/h.

Откако првпат го откривме во 2013 година, повторно го сретнавме во 2018 година, а ова сега е најблиската средба досега.

Неговата орбита покажува дека повторно ќе се сретнеме за околу пет години, но тогаш ќе биде на 6,89 милиони километри од Земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар