27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„IBM“ ја прави седмата аквизиција за 2023-та

„IBM“ ја прави седмата аквизиција за 2023-та

„International Business Machines“ (IBM) потврди дека ќе ја купи софтверската компанија „Apptio“ за 4,6 милијарди долари. Ова е негова седма аквизиција оваа година бидејќи извршниот директор Арвинд Кришна го трансформира гигантот во бизнис со хибриден облак и вештачка интелигенција, пишува „Bloomberg“.

„IBM“ ќе ги искористи своите „пари на рака“ за договорот, кој се очекува да биде затворен подоцна во оваа година, објави компанијата. „Apptio“ моментално е во сопственост на приватната компанија „Vista Equity Partners“, која го купи за 1,9 милијарди долари во 2019-та година.

Основана во 2007-ма година, „Apptio“ продава онлајн услуги кои, меѓу другото, им помагаат на компаниите да управуваат со нивните ИТ буџети, да прогнозираат и анализираат. Поголемиот дел од компаниите на „Fortune 100“ ги користат неговите производи, според веб-страницата на компанијата, на која се вели дека нејзините клиенти ги вклучуваат „Bank of America“, „Cargill“ и „Chevron“.

Кришна, кој го презеде технолошкиот гигант во 2020-та година, продолжува да ја трансформира 112-годишната компанија. Откако го купи развивачот на софтвер „Red Hat“ во 2019-та година, „IBM“ го отфрли својот бизнис центар за податоци и управување со ИТ инфраструктура „Kyndryl“ во 2021-ва година, а потоа продаде дел од одделот „Watson Health“.

Кришна започна серија спојувања и превземања, купувајќи над 30 компании за да ги зајакне понудите на „IBM“ во облак бизнисот и ИТ автоматизацијата.

Во мај, Кришна рече дека „IBM“ сè уште бара компании, но превземањата најверојатно ќе бидат помали од купувањето на „Red Hat“ од 34 милијарди долари. „IBM“ е фокусиран на аквизиции во хибриден облак и автоматизација на вештачката интелигенција, објави извршниот директор, наведувајќи го купувањето на „Turbonomic“ во 2021-ва година. Сајбер безбедноста е уште една област на инвестициско фокусирање, објави Кришна.

„Apptio“ е седма аквизиција на „IBM“ оваа година. Табела: „Bloomberg L.P“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП