6 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„YouTube“ ги тестира „Playables“ - онлајн игри на платформата

„YouTube“ ги тестира „Playables“ – онлајн игри на платформата

Компанијата „Google“ ги повика своите вработени да започнат со тестирање на новиот производ на „YouTube“ – „Playables“, кој е наменет за играње онлајн игри, пишува „WSJ“ тврдејќи дека имала пристап до е-поштата на компанијата.

Игрите достапни за тестирање вклучуваат наслови како што е аркадната игра „Stack Bounce“. Игрите што ги тестира платформата, наводно, може да се играат на страницата „YouTube“ во веб-прелистувачи или на мобилни апликации на оперативните системи „Аndroid“ или „iOS“.

Портпаролот на платформата „YouTube“ изјави дека игрите се долго време во фокусот на компанијата и дека експериментира со нови функции, но дека во овој момент нема што да се објави.

Покрај гледањето видеа и слушањето музика, „YouTube“ е исто така популарно место за пренос и гледање игра во живо на широк спектар на игри. Хостирањето онлајн игри на оваа платформа е дел од промената на фокусот што извршниот директор Нил Мохан го турка кон нови функции поради помалите приходи од реклами.

Покрај ова, „YouTube“ неодамна воведе неколку промени на платформата како враќање на опцијата „Најстарата“ за сортирање видеа на каналите и укинување на функцијата „Stories“. Што се однесува до рекламите, платформата тестира непопуларна забрана за блокирање реклами што ги принудува корисниците да се префрлат на претплата на „YouTube Premium“, што нуди искуство без реклами со претплатата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП