Рускиот претседател Владимир Путин и се обраќа на нацијата преку видео порака на државната телевизија по викендот во кој Вагнер групата маршираше кон Москва.
Путин вели дека општеството се консолидирало, пренесува новинската агенција Ројтерс.
Рускиот претседател вели дека „огромното мнозинство“ од вработените во Вагнер се руски патриоти. „Со враќањето назад избегнаа понатамошно крвопролевање“, додава Путин.
Путин им се заблагодарува на командантите и војниците на Вагнер кои избегнаа крвопролевање.
Вели дека на оние од Вагнер кои сакаат да заминат во Белорусија им ветува дека ќе го одржи ветувањето.
Путин во своето обраќање вели и дека на самиот почеток биле донесени сите неопходни одлуки за неутрализирање на заканата.
„Бунтот во секој случај ќе беше потиснат, а организаторите сфатија дека нивните постапки се криминални“, додава тој.