2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕВН ќе ја чека одлуката за новата цена на струјата, па потоа...

ЕВН ќе ја чека одлуката за новата цена на струјата, па потоа ќе ги штелува броилата за дневна евтина тарифа!

Големо разочарување кај граѓаните предизвика веста дека долго најавуваната дневна евтина тарифа на електричната енергија нема да биде вратена од први јули. Кога точно ќе им биде на располагање на домаќинствата се уште никој не може да каже со сигурност, но властите и регулаторот уверуваат дека со сигурност ќе биде вратена. Од ЕВН Македонија пак велат дека броилата ќе ги подесуваат кога ќе ја дознаат новата цена, а тоа значи по први јули.

Броилата за струја ЕВН ќе почне да ги штелува кога Регулаторната комисија за енергетика ќе ја соопшти одлуката дека дефинитивно на сила се враќа дневната евтина тарифа, велат од компанијата за Денар, а со тоа и ќе се дознае и нова цена на струјата. Дополнително, сега нема како да се прилагодуваат броилата и да се формира цена која ќе биде поевтина од останатата. Засега точно не може да прецизираат колку време ќе им биде потребно за да ги завршат сите броила како граѓаните би ја имале оваа поволност два часа во текот на денот.

„Електродистрибуција ќе започне со штелување на броилата во моментот кога ќе стапи во сила одлуката на РКЕ за дневна евтина тарифа. До тогаш потребно е да се направат технички подготовки, софтверски тестирања и слично.“

РКЕ сега се дообјаснува дека никогаш не соопштил дека дневната евтина тарифа ќе биде вратена од почетокот на јули. Остануваат на ставот дека евтината днавна тарифа ќе биде вратена како што претходно најавиле. Од Регулаторната комисија за енергетика додаваат дека во завршана фаза се анализите кои два часа ќе може да се користи поевтината струја.

„Нашата цел е што е можно поголем број на граѓани во ист момент да ја користат таа евтина тарифа за да нема жалби и поплаки зошто некој има, зошто некој нема“, велат од Регулаторната комисија за енергетика.

И од Владата велат дека се сложуваат евтината дневна тарифа да биде вратена за граѓаните. Но бидејќи крајниот збор во однос на ова прашање го има независно тело властите не сакаат дополнително да коментираат за да не се доведат во ситуација некој да се посомнева во крајната одлука која треба да ја донесе РКЕ.

„Како влада сме на став дека треба да се врати евтината дневна тарифа. Од Регулаторната комисија за енергетика треба да кажат од кога треба да се аплицира“, велат од Владата.

Евтината дневна тарифа на електричната енергија беше укината во екот на енергетската криза поточно во јануари 2022 година. Во меѓувреме во Регулаторна во заврша фаза е подготовката и анализите за новата цена на струјата која граѓаните ќе ја плаќаат од идниот месец. ЕСМ и владата објавија дека понудиле 53 евра за мегата час на тендерот на ЕВН Хоум, што е за три евра помалку од актуеланата цена. Но, од следниот месец се поизвесно е дека ќе се врати и ДДВ-то во сметките за струја и тоа од 10 на 18 отсто.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП