2 мај, 2024
ПочетнаСВЕТПоранешен шеф на ЦИА: Пригожин треба да биде многу внимателен кога ...

Поранешен шеф на ЦИА: Пригожин треба да биде многу внимателен кога му е отворен прозорецот

Поранешниот директор на ЦИА го предупреди шефот на групата Вагнер „да биде многу внимателен кога му е отворен прозорецот“.

Пензионираниот генерал Дејвид Петреус очигледно алудирал на голем број истакнати Руси кои загинале под неразјаснети околности, вклучително и паѓање од прозорци, откако Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година.

Како дел од договорот Евгениј Пригожин да го запре маршот на неговите платеници кон Москва, тој се согласи да замине во егзил во соседна Белорусија, чиј лидер Александар Лукашенко е силен сојузник на рускиот претседател Владимир Путин.

„Пригожин си го спаси животот, но ја загуби својата платеничка група“, изјави генералот Петреус за Си-Ен-Ен.

„И тој би требало да биде многу внимателен околу отворените прозорци во неговата нова околина во Белорусија, каде што оди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП