29 април, 2025
ПочетнаСВЕТИмиџот на Путин се сруши, дел од блокадата се уште е на...

Имиџот на Путин се сруши, дел од блокадата се уште е на патот

Михаил Касјанов, поранешниот руски премиер, верува дека Пригожин прво ќе оди во Белорусија, а потоа во Африка, во некоја џунгла или нешто слично.

Тој наведува дека Путин не може да му прости за овој инцидент и дека Пригожин ја уништил стабилноста на Путин. Тој смета дека, според тоа, под голем знак прашалник е и животот на шефот на Вагнер.

„Ова е почеток на крајот за Путин, тој е во голема неволја во моментов“, додаде тој.

Рускиот претседател Владимир Путин се појави на државната телевизија за да ја повтори својата посветеност на „специјалната воена операција во Украина“.

Во својот телевизиски настап, Путин им даде поддршка на руските одбранбени претставници и највисоките воени сили. Тој рече дека е во постојан контакт со претставниците на Министерството за одбрана и дека е убеден во спроведувањето на сите планови поврзани со „специјалната воена операција“.

Тоа е негово прво појавување на телевизија откако вчера вооружениот бунт се закани да го собори неговиот режим.

Тој зборуваше за неговата посветеност на војната во Украина, нарекувајќи ја „специјалната воена операција“ свој главен приоритет.

– Вака го започнувам и завршувам денот, рекол Путин, пренесува Ројтерс.

Еден ден откако моторизираните единици на руската платеничка група Вагнер го завршија напредувањето кон Москва од Ростов на Дон, Црвениот плоштад остана затворен за јавноста во неделата, а сообраќајот на автопатот јужно од главниот град сè уште беше блокиран.

Пречки постојат во московскиот регион и во областа Тула јужно од главниот град, напиша на Телеграм во неделата Управата за надзор на државните патишта Автодор.

Во другите региони, според властите, оттогаш се укинати ограничувањата, а патниот сообраќај се одвива непречено.

Неколку конвои со оклопни возила на платеници тргнаа од јужниот руски град Ростов на Дон во саботата за Москва.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП