5 мај, 2024
ПочетнаСВЕТПРИГОЖИН СЕГА Е ГОТОВ, ОВА НЕМА ДА МУ БИДЕ ПРОСТЕНО! Експерт за...

ПРИГОЖИН СЕГА Е ГОТОВ, ОВА НЕМА ДА МУ БИДЕ ПРОСТЕНО! Експерт за безбедност го откри планот кој пропадна

Дописникот на БиБиСи и експерт за безбедност Френк Гарднер го објасни следниот чекор за Пригожин.

Дописникот на Би-Би-Си и експерт за безбедност Френк Гарднер смета дека преговорите што ги води Александар Лукашенко се всушност победа на Владимир Путин. Тој наведува дека Евгениј Пригожин очекувал и други да му се придружат за време на кампањата во Москва, но тоа не се случило. Путин не е човек кој лесно простува. Мислам дека воената и политичката иднина на Пригожин сега е завршена“, рече Гарднер, додавајќи дека за Путин е многу непријатно што Пригожин успеал да ја премине границата и да го заземе воениот штаб на јужниот округ на Русија во Ростов, додека никој не му се спротивставил.

Песков им рече на новинарите – откако белорускиот претседател Александар Лукашенко постигна договор со Пригожин да се откаже од бунтот – рече дека Пригожин ќе замине во Белорусија.

Тој додаде дека не знае каде се наоѓа шефот на „Вагнер“ во моментов.

Инаку, рече Песков, самиот Лукашенко предложил да разговараат со Пригожин бидејќи се познаваат долго време.

Портпаролот на Кремљ исто така рече дека оние „вагнеровци“ кои одбиле да одат во Москва со Пригожин ќе можат да потпишат договори со Министерството за одбрана на Руската Федерација, како и дека државата нема да ги гони „вагнеровците“ заради нивните заслуги за време на специјалната воена операција во Украина.

Она што се случи денеска нема да влијае на специјалната воена операција, таа продолжува според планираното, рече Песков.

Бидејќи кадровските промени во Министерството за одбрана беа едно од барањата на Пригожин, Песков рече дека тоа прашање е во надлежност на претседателот на Руската Федерација и дека за нив не може да се разговара за време на преговорите Лукашенко-Пригожин.

Песков рече и дека Путин има целосна доверба во министерот за одбрана Сергеј Шојгу.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП