6 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАСе одржа Парада на гордоста во Скопје

Се одржа Парада на гордоста во Скопје

Со транспаренти и знамиња со виножито кои се заштитен знак на ЛГБТ заедницата, се одржа маршот за „Парадата на гордоста“. По говорите во кои активистка зборуваше за нападите кои ги доживува како трансродово лице и мајка на ЛГБТ дете која испрати порака до родителите да си ги прифаќаат децата какви што се – учесниците маршираа до Градски парк.

Маршот помина без инциденти и под силно полициско обезбедување. Имаше два подвижни подиуми, качени на камиончиња и музика која ги пратеше учесниците.

„Против христо-фашизмот, против капиталистичка парада“, „Вистинскиот феминизам е вклучувајќи ги транс лицата и сексуалните работнички“, „Братство и единство“ – беа дел од транспарентите.

Одбележувањето на денот продолжува и со кулутрно-уметнички перформанси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП