Прес-службата на белорускиот претседател соопшти дека лидерот на групата Вагнер, Евгениј Пригожин го прифатил предлогот на Александар Лукашенко да го запре движењето на неговиот конвој и да преземе чекори за деескалација.
Според извештаите, Лукашенко разговарал со Пригожин откако тој се договорил за тоа со рускиот претседател Владимир Путин, а разговорите траеле во текот на целиот ден.

