28 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНовата прогноза на „Accenture“ ги разочара аналитичарите

Новата прогноза на „Accenture“ ги разочара аналитичарите

Консултантската компанија за информатичка технологија „Accenture“ објави прогноза за заработката за четвртиот квартал која е под просечната проценка на Волстрит, поради загриженоста дека растечката економска несигурност ќе продолжи да врши притисок врз ИТ буџетите и да ги спречи компаниите да потпишуваат нови договори.

Побарувачката за ИТ услуги во Соединетите Држави останува слаба и би можела дополнително да влијае откако претседателот на американската централна банка Џером Пауел се обрати во Конгресот, сугерирајќи дека се можни нови зголемувања на каматните стапки.

Минатиот месец, „Cognizant Technology Solutions“ рече дека е под притисок да потпише помали договори поради послабите дискрециони трошоци. Индискиот аутсорсинг гигант „Tata Consultancy Services“ во април изјави дека закрепнувањето во САД не се случило како што се очекувало и дека ситуацијата всушност се влошила.

„Accenture“ прогнозира дека нејзиниот приход за тековниот квартал ќе биде во опсег од 15,75 до 16,35 милијарди долари. Просечната прогноза на аналитичарите беше за 16,35 милијарди долари, покажуваат податоците на „Refinitiv“.

Цената на акциите на компанијата падна за 5,5% пред почетокот на трговскиот ден во петокот.

Во март, „Accenture“ рече дека ќе укине 19.000 работни места, со што ќе ја намали работната сила што ја создаде за време на пандемијата. Во фискалната 2022-ра и 2021-ва година, бројот на вработени на компанијата се зголеми за 16% и 23%, соодветно. Компанијата, исто така, рече дека цели 1,5 милијарди долари за намалување на трошоците до крајот на фискалната 2024-та година.

Главниот извршен директор Џули Свит рече дека компанијата има 26 клиенти со квартални резервации од 100 милиони долари или повеќе.

Новите резервации на „Accenture“ се зголемија за 2 отсто на 17,2 милијарди долари во третиот квартал.

Приходите за кварталот до 31-ви мај достигнаа 16,56 милијарди долари, во согласност со проценките. Со исклучок на одредени ставки, „Accenture“ заработи 3,19 долари по акција, во споредба со прогнозата од 3,04 долари по акција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП