4 мај, 2024
ПочетнаСВЕТШефот на Вагнер: Оправдувањето на Кремљ за инвазијата на Украина се заснова...

Шефот на Вагнер: Оправдувањето на Кремљ за инвазијата на Украина се заснова на лаги

Евгениј Пригожин, шефот на руската платеничка група „Вагнер“, во петокот рече дека образложението на Кремљ за инвазијата на Украина се заснова на лаги на руската воена команда, која во четвртокот ја обвини дека ги криела фактите за ситуацијата на фронтот од рускиот претседател Владимир Путин.

Пригожин, чии чести појавувања на социјалните мрежи се непропорционални со ограничената улога на неговата група во војната, со месеци отворено ги обвинуваше министерот за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на рускиот Генералштаб Валери Герасимов за неспособност.

Во петокот, неговата служба за односи со јавноста објави видео на комуникациската платформа „Телеграм“ во која Пригожин за прв пат ги отфрла основните причини на Русија за инвазијата на Украина на 24 февруари минатата година, која Москва ја нарекува „специјална воена операција“.

„Ништо необично не се случи на 24 февруари. Министерството за одбрана се обидува да го измами општеството и претседателот и да ни ја каже приказната за тоа како дошло до луда агресија на Украина и дека планирале да не нападнат со целото НАТО (алијансата)“, рече Пригожин, кој ја нарече официјалната верзија „убава приказна“.

„Војната беше неопходна за да може Шојгу да стане маршал, за да може да го добие вториот орден „Херој (на Руската Федерација)“. Војната не беше неопходна за демилитаризација или денацификација на Украина“, додаде тој.

Во видеото, во кое тој седи на стол со огромно црно знаме на групата Вагнер зад себе, Пригожин вели дека војната е неопходна за да се збогати владејачката елита, која според него не е задоволна со комерцијалниот потенцијал на дел од украинската провинција Донбас, која беше окупирана од сепаратистичките сили во 2014 година.

„Задачата беше да се дистрибуираат материјални добра (во Украина). Имаше огромна кражба во Донбас, но тие сакаа повеќе“, рече тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП