3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАApple ќе го укине iOS17 на овие телефони, проверете дали вашиот е...

Apple ќе го укине iOS17 на овие телефони, проверете дали вашиот е меѓу нив

Пред неколку недели Apple ја претстави новата верзија на својот оперативен систем за паметни телефони iOS 17 и најави дека ќе биде достапна наесен.

Покрај новиот изглед, iOS 17 носи и неколку интересни новитети, како што е новиот „standby mode“, апликација за водење дневник, како и новитети во пораките и автоматска корекција на пишувањето. Сепак, не сите корисници на паметни телефони на Apple ќе можат да ја користат оваа верзија на оперативниот систем.

Како што најави Apple, некои постари модели нема да добијат системско ажурирање и ќе останат на актуелниот iOS 16. Тоа значи дека корисниците на овие уреди нема да можат да уживаат во некои нови функции, но и дека нема да добиваат идни надградби.

Доколку имате уред кој е постар од iPhone XS (кој се појави на пазарот во септември 2018 година), можете да здивнете бидејќи новиот iOS ќе ви посака добредојде на есен. Но, ако имате iPhone X и постари, нема да можете да го ажурирате телефонот на најновата верзија на оперативниот систем.

Ова не значи дека уредите нема да продолжат да работат правилно. Барем додека апликациите продолжат да поддржуваат iOS 16 и Apple не воведе некои нови ограничувања.

Ако не сте сигурни која верзија е вашиот iPhone, отворете ја апликацијата Settings и изберете General и потоа About. Во колоната Model Name, ќе видите кој iPhone го имате.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП