4 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАУХМР за викендов најавува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен...

УХМР за викендов најавува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

УХМР предупредува за нестабилно време со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.

Денес во попладневните и вечерните часови на места ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град.

Под влијание на нестабилна и влажна воздушна маса за време на викендов на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради големата енергија и влажност во атмосферата локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме проследени со обилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер (над 60 км/час) и изолирана појава на град.

И во Скопската Котлина доцна попладне и за време на викендот ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за појава на град.

Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП