2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАДали „Sony“ престанува да произведува телефони?

Дали „Sony“ престанува да произведува телефони?

Во изминатите неколку години, некои многу познати компании исчезнаа од пазарот на паметни телефони.

Меѓу нив, пред сè, ја издвојуваме компанијата „LG“, која поради слабата продажба реши да го напушти пазарот на телефони и да го затвори својот оддел за мобилни телефони.

Компанија која во последните неколку години не беше толку популарна како што може да очекувате е „Sony“, иако јапонскиот технолошки гигант во изминатите неколку години претстави доста интересни уреди. Но, дали „Sony“ ќе ги следи стапките на „LG“?

Иако горенаведеното прашање е сосема оправдано, со оглед на кредибилитетот и историјата на компанијата, како и лошите продажни резултати во светот на паметните телефони, одговорот е дека „Sony“ нема да го напушти пазарот на паметни телефони и ќе продолжи да произведува телефони уште неколку години.

Оваа информација доаѓа од сигурен извор, не помалку туку од „Qualcomm“.

„Qualcomm“ деновиве преку соопштение за медиумите објави дека ја проширил соработката со „Sony“ за „Snapdragon“ чиповите кои ќе ги напојуваат идните паметни телефони на јапонскиот производител. Станува збор за повеќегодишен договор кој опфаќа премиум и уреди од средна класа.

Како што забележувате, не се спомнуваат уреди од долниот дел т.е. евтини и очигледно е дека „Sony“ нема намера да се прошири на тој многу конкурентен пазар.

Во соопштението, меѓу другото, се наведува дека двете компании заеднички ќе се фокусираат на интегрирање на напредните мобилни платформи на „Qualcomm Snapdragon“ во идните паметни телефони на „Sony“, обезбедувајќи им на корисниците подобрена функционалност, подобри перформанси и поизвонредно корисничко искуство.

Цутому Хамагучи, шеф на одделот за мобилни комуникации на „Sony“, рече дека „Sony Xperia 1 V“, кој доаѓа со новиот чип „Snapdragon 8 Gen 2“, е добро прифатен од клиентите и дека тие со нетрпение очекуваат да работат со „Qualcomm“ во иднина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП