Економската активност во еврозоната за малку ќе запреше во јуни, сигнализирајќи го крајот на закрепнувањето што следеше по зимскиот пад. Индексот на менаџери за набавки(PMI) според пресметките на S&P падна на петмесечен минимум од 50,3 од 52,5 во мај. Франција погодена од штрајкови, како и Германија, чии фабрики го намалија производството, придонесоа за падот.
Еврото ослабе за 0,8 отсто на 1,0874 долари, додека приносот на двегодишните германски обврзници падна за 13 базични поени на 3,1 отсто. Пазарите на пари ги омекнаа облозите за зголемување на каматните стапки, поради што стапката на депозитите достигна нешто помалку од четири отсто, пренесува Блумберг.

