2 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАПодгответе се за „новата реалност“: Летото ќе трае пет и пол месеци?

Подгответе се за „новата реалност“: Летото ќе трае пет и пол месеци?

Директорот на Дирекцијата за климатски активности на хрватското Министерство за економија оцени дека посвежите периоди се продолжуваат до јуни, а потоплите до декември.

„Во однос на просечните температури, пролетта не отстапуваше од изминатите 30 години, а беше екстремно врнежлива, па луѓето ја доживуваа како посвежо време. Овој јуни првите 30 степени дојдоа релативно доцна. Ова се случило само три пати во последните 30 години“, изјави Дуња Мазоко Дрвар.

„Забележавме продолжување на топлиот дел од годината и ова ќе продолжи, доколку нешто не преземеме. Очекуваме дека за 20 или 30 години летото ќе трае уште подолго. Според некои проекции, бројот на денови од топлиот дел од годината ќе се продолжи за триесет дена на копно, а за седумдесет дена на море“, предупреди Мазоко Дрвар.

На прашањето дали е доцна да се промени нешто, посочува дека работите не се црно-бели, туку дека никогаш не е доцна и што и да почнеме да правиме, побрзо и посилно, ќе ја ублажиме ситуацијата и ќе се вратиме во попогодни услови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП