22 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈА„Нема леб без експлозив“ - криминалците ја менуваат тактиката, на удар се...

„Нема леб без експлозив“ – криминалците ја менуваат тактиката, на удар се банкоматите

Кражбата на пари од банкомати отсекогаш важела за најлесна „операција“ за брзо збогатување на криминалците ширум светот, но во последно време, предупредува Европол, тие не се ни обидуваат математички да ги збунат компјутерските системи на автоматите за пари, туку едноставно поставуваат експлозиви и ги разнесуваат.

Ако се сеќавате, таков (неуспешен) обид се случи и неодамна во скопската населба Бутел, каде што четворица криминалци поставија експлозив и разнесоа банкомат.

„На 6 јуни во 3:38 часот во СВР-Скопје е пријавено дека на подрачје на Бутел четири лица кои дошле со возило поставиле експлозивна направа на банкомат и се обиделе да одземат пари, но не успеале. Од детонацијата се оштетени три возила. Нема повредени лица“, информираше МВР на почетокот на месецов.

Како што објаснуваат и експертите од Европол, криминалците веќе не користат разни компјутерски алатки, туку набавуваат експлозиви на црниот пазар и ги разнесуваат банкоматите, причинувајќи голема материјална штета и паника кај граѓаните.

Но, кај нас има и случаи на откорнување и крадење цели банкомати од објектите каде што се поставени. Таков случај имаше неодамна во скопски Аеродром, каде што четворица криминалци со примена на физичка сила успеале да украдат банкомат од маркет од оваа скопска населба.

Со цел да се спречи и да се справи со овој вид криминал, безбедносните експерти коментираат дека најважна е тесната соработка помеѓу органите на прогонот и индустријата на банкомати.
Во тој поглед, Европол и Европската мрежа за превенција од криминал работеа на голем број препораки за спречување физички напади на банкомати.

Според еден извештај на Европол, кражбите на банкомати годишно предизвикуваат штета во просек од 30 милиони евра во Европа, а најранливи се банкоматите поставени на поизолирани места каде што фреквенцијата на луѓе и возила е значително помала.

Сепак, заклучокот е дека криминалците ја прошируваат својата мрежа со значително зголемување на ваквите напади.

„Иако стапката на успешност на ваквото ограбување на банкомати е еден наспрема три, сепак, и кога обидот е неуспешен, сепак штетата предизвикана од експлозијата на објектите е голема, а дополнително е и ризична за жителите и за минувачите. Со брзорастечкото темпо на онлајн банкарствоот, многу банки ќе ги затворат своите експозитури, ориентирајќи се само кон банкоматите, што може да биде дополнителна причина за пораст на ваквиот вид кражби“, се вели во еден од извештаите на Интерпол.

Б.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП