1 мај, 2024
ПочетнаСВЕТЗеленски: Русија подготвува напад на нуклеарната централа Запорожје, Кремљ демантира

Зеленски: Русија подготвува напад на нуклеарната централа Запорожје, Кремљ демантира

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека украинските разузнавачки служби добиле информации дека Русија го разгледува сценариото за терористички напад на нуклеарната централа во Запорожје.

„За жал, многупати морав да потсетам дека радијацијата нема национални граници, а кој ќе биде погоден се одредува само од насоката на ветрот“, рече Зеленски.

Тој додаде дека Киев ги споделува сите достапни информации со своите партнери во светот, објави Блумберг.

Портпаролот на Кремлин, Дмитриј Песков денеска изјави дека тврдењата на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Русија се подготвува да изврши „терористички напад“ врз нуклеарната централа во Запорожје е „уште една лага“.

Песков потсети дека инспекторите на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) неодамна ја посетиле електраната и оцениле дека се е во ред, пренесува ТАСС.

MAAE соопшти дека е запознаена со извештаите дека мини биле поставени во близина на базенот за ладење на електраната Запорожје, но дека такви мини не биле забележани за време на посетата на генералниот директор на МААЕ, Рафаело Гроси.

„Нашата проценка е дека, иако присуството на каква било експлозивна направа не е во согласност со безбедносните стандарди, главните безбедносни функции на објектот нема да бидат значително засегнати. Ние го следиме ова прашање со големо внимание“, рече Гроси, објави Киев Индипендент.

Според него, нуклеарната безбедност и ситуацијата во СИ Запорожје е многу нестабилна.

Русија го повикува Вашингтон да не прави грешки и да не распоредува војници на НАТО во Украина, бидејќи тоа може да има опасни последици, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.

„Ако го сторат тоа, тоа ќе биде огромна, историска грешка. Затоа силно ги предупредуваме САД кои го контролираат НАТО. Без разлика кој зборува за овие земји, поранешни или сегашни функционери, сè се решава во Вашингтон. Затоа силно го предупредуваме Вашингтон за понатамошни неуспеси, натамошни грешки кои можат да имаат опасни последици. Не смее да има војници на НАТО во Украина“, рече Рјабков.

Претходно, поранешниот генерален секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен изјави дека некои поединечни земји на Алијансата можеби ќе сакаат да испратат војници во Украина доколку Киев не добие вистински гаранции на претстојниот самит на НАТО во Вилнус.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека украинската контраофанзива можеби работи бавно, но ќе добие замав, „исто како и операциите наесен“.

„Минатата есен имавме контраофанзивни акции, се чинеше дека се одвиваше бавно. Но, во одреден момент сите видоа колку брзо напредувавме. Така ќе биде и сега“, рече Зеленски во интервју за Би-Би-Си.

Тој рече дека Украина смета дека контраофанзивата досега била успешна, но дека има потешкотии, како што се големите мински полиња.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека ЕУ ќе испрати уште 1,5 милијарди евра макрофинансиска помош за Украина.

Според Европската комисија, Украина продолжува да постигнува задоволителен напредок кон договореното и ги исполнува барањата, кои имаат за цел транспарентност во користењето на средствата, објави Киев Индипендент.

„Ќе дојде повеќе. Ние само предложивме цврста финансиска помош до 2027 година. Гледаме на долг рок“, истакна Фон дер Лејен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП