3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГугл и Фејсбук ќе им плаќаат на канадските медиуми за содржината

Гугл и Фејсбук ќе им плаќаат на канадските медиуми за содржината

Канадскиот парламент усвои закон со кој се бара од компаниите Алфабет и Мета, чии сопственици се на Гугл и Фејсбук, да им плаќаат на медиумите за содржината што ја споделуваат или на друг начин ја користат на нивните платформи.

Сенатот го усвои законот и сега го чека кралското одобрение, односно потврдата на генералниот гувернер на Канада, Мери Сајмон, која треба да го потпише законот.

Канадските власти, кои велат дека законот создава рамноправни услови за игра меѓу гигантите за онлајн рекламирање и намалената информативна индустрија, сега чекаат да видат дали Мета или Алфабет ќе одговорат со отстранување на медиумските информации од нивните платформи во Канада.

Мета потврди дека планира да го почитува законот со тоа што ќе ја прекине достапноста на вестите на Фејсбук и Инстаграм за своите канадски корисници, додека Гугл ја навести можноста за отстранување на врските со вести од пребарувачот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП