5 мај, 2024
ПочетнаСВЕТПатниците од исчезнатата подморница се прогласени за мртви

Патниците од исчезнатата подморница се прогласени за мртви

Веќе петти ден во четврток мултинационален тим за пребарување се обидува по море и воздух да пронајде туристичка подморница во близина на потонатиот брод Титаник кој исчезна со пет патници на кои, според претпоставките, им останал уште кислород.

Подморницата Титан со големина на комбе, управувана од американската компанија OceanGate Expeditions, го започна своето спуштање во неделата во 8 часот по локално време. Таа го изгубила контактот со бродот за поддршка откако се приближила до најпознатата потоната атракција на светот во Северен Атлантик.

Титан бил опремен со 96 часа кислород, според компанијата, што значи дека резервоарите се потрошиле околу 13 часот во четвртокот. Потрагата по подморницата продолжува, а американската крајбрежна стража доцна во четвртокот објави дека пронашла остатоци на морското дно за кои се верува дека се од подморницата.

Компанијата OceanGate објави соопштение во кое тврди дека животите на патниците на Титан се изгубени.

„Сега веруваме дека нашиот извршен директор Стоктон Раш, Шахзада Давуд и неговиот син Сулеман Давуд, Хамиш Хардинг и Пол-Анри Наргеолет се за жал изгубени“, се вели во соопштението на OceanGate, според Би-Би-Си.

Вил Конен, претседател на Комитетот за подморници на Здружението за морска технологија (МТС), изјави за Скај њуз дека моделот Титан ги „надмина границите“ со тоа што превезуваше пет патници, поради што го критикуваше OceanGate уште во 2018 година.

„Ова е многу тажно… Ако направиме грешка, ќе погрешиме и ќе ја платиме цената, но ако веќе се впуштаме во нешто, мора да бидеме апсолутно сигурни во себе. Затоа што, „новиот концепт“ на Титан за испраќање луѓе до 4000 метри длабочина е нешто што никој не го направил претходно“, рече Конен и додаде:

„Ако сакате пет патници, тоа значи дека треба прецизно да се справите со бројките и да бидете свесни за ограничувањата. OceanGate ја следеше стратегијата „можеме да го направиме тоа подобро и побрзо од застарениот принцип“, а во исто време на никој во компанијата не му пречеше што се кршат меѓународните правила“.

Сепак, тој не сака Титан целосно да биде отпишан како модел и основа за иднината.

„Ова е навистина нов дизајн, навистина предводник.

Инаку, Конен беше главниот потписник на писмото што МТС го испрати до OceanGate во 2018 година и во него изрази загриженост за безбедноста и регулативата за Титан.

„Основачот на OceanGate, Стоктон Раш, не се согласувал со содржината на писмото, велејќи дека регулаторите ја задушуваат иновативноста“, се сеќава Конен.

Раш е еден од петте патници кои отишле на експедицијата. …

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП