2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАСвој паметен часовник подготвува и иновативната компанија „Nothing“?

Свој паметен часовник подготвува и иновативната компанија „Nothing“?

Иако е релативно нов бренд на технолошкиот пазар, речиси сите слушнале за „Nothing“. Благодарение на проѕирниот дизајн на слушалките и паметниот телефон, брзо се здоби со популарност.

Во моментов, главниот фокус на фановите на брендот е на лансирањето на втората генерација на „Nothing Phone“, а се чини дека компанијата се подготвува да влезе во нова категорија производи – паметни часовници.

Свиркачот Мукул Шарма ја забележал листата на заштитни знаци и сертификацијата на „Nothing“ во категоријата паметни часовници на индискиот „BIS“ сертификат и го сподели своето откритие преку Твитер.

Претходно во годината, „Nothing“ поднесе апликација за трговска марка наречена „CMF BY Nothing“. Во поново време, истата ознака е забележана на листата на сертификати за производи со број на модел „D395“. Интересно е што овој производ е класифициран како паметен часовник.

Заштитниот знак им помага да го зачуваат својот бренд во догледна иднина.

Се разбира, овие информации и огласите за заштитни знаци не гарантираат дека „Nothing“ ќе издаде паметен часовник, но тоа е добар показател дека компанијата се надева и има намера да лансира производ во иднина. Заштитниот знак им помага да го зачуваат својот бренд во догледна иднина, пишува „Android Authority“.

Додуша, компаниите имаат заштитни знаци кои никогаш не се користат, така што постои и шанса паметниот часовник на „Nothing“ никогаш да не се оствари. Оваа листа на заштитни знаци и сертификати може да се види во твитовите на извршниот директор на „Nothing“, Карл Пеи, кој претходно оваа година го користеше „Samsung Galaxy Watch 5 Pro“ за „да научи за паметните часовници“.

Се на сè, изгледа дека компанијата сака да влезе на пазарот на паметни часовници, а останува да се види дали и како ќе го направи тоа – во форма на вистински паметен часовник или фитнес тракер. Се разбира, бидејќи тоа е производ на „Nothing“, сигурно ќе има некој елемент на транспарентност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП