2 мај, 2024
ПочетнаСВЕТСе уште не е познато од каде доаѓаат звуците во океанот: За...

Се уште не е познато од каде доаѓаат звуците во океанот: За неколку часа подморницата ќе остане без кислород

Спасувачките напори за петте патници од исчезнатата подморница Титан се уште се во тек.

Во исчезнатата подморница „Титан“, која со пет лица отиде во експедиција за да ги разгледа остатоците од Титаник, на длабочина од 3.800 метри во Атлантскиот Океан, според проценката на странските претставници, се уште има кислород за околу два часа. Поточно, денеска околу 11 часот по локално време петчлениот екипаж во подморницата ќе остане без кислород, доколку се уште се воопшто живи, со оглед на тоа што три дена не дале сигнал на надлежниот брод.

Сепак, постои навестување дека екипажот е жив. Имено, канадскиот авион кој барал исчезната подморница во Атлантскиот океан детектирал повремени звуци на „тропање“ од близина на неговата последна позната локација, соопшти американската крајбрежна стража.

Екипите кои ја бараа исчезнатата подморница слушаа удари на секои 30 минути во вторникот и повторно четири часа подоцна во средата, откако беа распоредени дополнителни сонарни уреди. Сепак, американската крајбрежна стража појасни дека „не го знаат изворот на бучавата“.

Тие во кратката изјава на Твитер соопштија дека некои од возилата на далечинско управување вклучени во потрагата биле преместени во обид да се утврди потеклото на звуците. Тие пребарувања „донесоа негативни резултати“ досега, но тие продолжуваат, се вели во соопштението.

Подморницата Титан беше лансирана со 96 часа воздух, според компанијата, што би значело дека кислородот би можел да истече до утрово. Сепак, ни тоа не е сосема сигурно, бидејќи како што истакнуваат експертите, снабдувањето со воздух зависи од повеќе фактори, меѓу кои и дали подморницата се уште има моќ и колку се смирени луѓето на неа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП