2 мај, 2024
ПочетнаСВЕТПоранешен патник на Титан: Тесно e внатре, понекогаш знаше да имаат проблем...

Поранешен патник на Титан: Тесно e внатре, понекогаш знаше да имаат проблем со батериите

Поранешен патник на исчезнатата подморница Титан ги опиша тесните услови во подморницата. Во 2021 година, Артур Лоибл беше на експедиција до потонатиот брод Титаник.

Опишувајќи ја подморницата, која може да превезува пет луѓе, тој за Sky News изјави: „Не можете да стоите, не можете да клекнете, само седите на истото место 10 и пол часа. Принуден си да допираш други луѓе, нозете ти се испреплетени поради тесниот простор“.

„Ништо не беше удобно“, рече тој.

Денес, на прашањето дали Титан е безбеден, тој би одговорил поинаку од пред две години, вели тој.

Неговото патување до потонатиот брод траело околу два и пол часа, а три часа поминале истражувајќи ги остатоците.

„Сите беа нервозни – дали ќе можеме да дојдеме до дното или дали ќе можеме да се вратиме“. Претходно понекогаш имаа проблеми со батериските системи на 1.600 метри, па мораа да се вратат назад. Тоа беше една од можностите во 2021. Сите беа нервозни“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП