14 октомври, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТриглав зелена лига – предизвик за промена

Триглав зелена лига – предизвик за промена

Поттикнати од потребата за намалување на штетните емисии и за почиста животна средина, одлучивме да направиме чекор повеќе и директно да бидеме дел од промената, да ги мотивираме вработените да практикуваат здрави навики и да ги заменат своите автомобили со пешачење или возење велосипед како до работното место, така и во слободното време.

Затоа, ни причинува вистинско задоволство што можеме да го најавиме проектот на лојалност, што Триглав Осигурување, во соработка со Challenger, го започнува за вработените и за своите корпоративни клиенти, корисници на доброволно здравствено осигурување. Триглав зелена лига е заеднички годишен предизвик за заштеда на 365 тони на емисии на CO2, кој што започнува на 21.06.2023 година.

Ги повикавме нашите клиенти, да ни се приклучат со своите вработени во предизвикот и преку замена на автомобилот со здрави навики, како пешачење, или возење велосипед, да придонесат кон зададената цел. Проектот овозможува поголема грижа за животната средина и за здравјето, го поттикнува тимскиот дух и воедно, придонесува кон едукација и мотивирање на заедницата за одговорно однесување, во согласност со целите на одржлив развој.

Најактивните учесници ќе имаат можност да освојат награди на месечно ниво, додека пак тимот на компанијата со најголем придонес кон зададената цел – заштеда на 365 тони емисии на CO2 во текот на една година, ќе ја добие првата награда.

“Триглав зелена лига во својот концепт го вградува одржливиот развој и ја наградува грижата за нашето здравје и за животната средина. Таа е симбол на нашата грижа за сегашните и за идните генерации. Во оваа прилика би сакал да им се заблагодарам на вработените и на сите наши клиенти, кои што ги препознаа потенцијалот и важноста на овој проект и ни се приклучија уште на самиот почеток и искрено им посакувам што подобри резултати. Исто така, би сакал да нагласам дека во тимот на Challenger најдовме вистински партнер, спремен на предизвици и со исти стратешки цели, кој што ни помогна да креираме можност за позитивни промени и влијание. Се надевам дека ова е само првиот заеднички чекор во реализација на целите, што како компании, но и како заедница ги поставуваме како врвен приоритет”, изјави во оваа прилика Главниот извршен директор на Триглав Осигурување, г. Ѓорѓе Војновиќ.

“Oгромно е задоволството да бидеме пионери заедно со Триглав Осигурување во создавање на едни поинакви промени во нашето општество. Кога сите зборуваат за проблемите, ние одлучивме да ги мотивираме компаниите да бидат дел од промените. Ова партнерство е вистински пример на синергија помеѓу корпорација и стартап кога се има една заедничка цел, а тоа е да ги мотивираме вработените да се грижат за своето здравје и животна средина и тоа преку промена или подобрување на нивните секојдневни навики. Пресреќни сме дека градиме платформа која ги обединува компаниите заедно да работат кон иста цел, а тоа е поздрави вработени и помалку CO2 емисии во воздухот. Триглав Зелената лига е само почеток на една успешна приказна, која ќе биде пример дека компаниите може да бидат носители на промените.“, Олга Рајчиќ, ко-основач на Challenger.

Повеќе информации за проектот, како и преглед на учесниците во предизвикот можат да се видат на линкот ТриглавЗеленаЛига.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП