4 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАКрадците почнаа да „оперираат“ и по плажите – и вие го криете...

Крадците почнаа да „оперираат“ и по плажите – и вие го криете паричникот под пешкирот?

Каде ги оставате паричниците, часовниците и мобилните телефони пред да влезете да се капете во езеро? Ако и вие ги криете под пешкирот којшто е распослан на песокот и сметате дека никој нема да ги најде, сериозно се лажете.

Впрочем, тоа е првото место коешто ќе го проверат искусните крадци и џепчии, а вие нема ни да забележите дека воопшто некој се доближил до пешкирот.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) велат дека „сезоната на кражби“ обично започнува заедно со секоја нова летна туристичка сезона, а ги советуваат граѓаните да внимаваат како и каде ги чуваат своите лични предмети на плажите.

Освен ситните кражби по должината на крајбрежјето, крадците им имаат фрлено мерак и на паркираните автомобили во близина на плажите, каде што посетителите ги оставаат своите вредни предмети. Многу чести се случаите со искршените стакла на возилата и украдените радија, лаптопи, ситни пари и накит од внатрешноста на автомобилите.

Ова особено се однесува на охридските плажи кои се преполни со капачи во летниот период, но случаи на кражби има и во Дојран и на Преспанско Езеро.

-Само што влегов во езеро за да се разладам, крадците го намирисале пленот и ми ги украле паричникот и часовникот коишто ги оставив на плажата. Ги сокрив под пешкирите, но сепак успеале да ги пронајдат. А чантата, на пример, воопшто не ја допреле, веројатно оти ме следеле и знаеле дека во неа нема да најдат ништо вредно. Најтрагично е што никој од присутните на плажата не ги забележал крадците – револтирано раскажува туристка од Скопје која била ограбена на плажа во Охрид.

Од МВР брифираат дека со почетокот на летото и со зголемувањето на бројот на туристите на најатрактивните туристички дестинации во земјава, така расте и бројот на ситни кражби.

-Не ги оставајте своите вредни предмети на плажа. Бидете внимателни. Полицајците активно се присутни и редовно вршат патроли низ плажите со цел да превенираат вакви кражби и да ги фатат сторителите кои ги вознемируваат туристите – велат од МВР.

Оттаму апелираат до граѓаните да не објавуваат и фотографии на социјалните мрежи додека се на одмор, бидејќи, како што велат, нивните домови стануваат лесна цел за крадците.

Б.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП