28 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНа пазарот се појави неранлив смартфон

На пазарот се појави неранлив смартфон

vertu

Производителот на луксузните паметни телефони „Vertu“ претстави уште една серија од колекцијата „Constellation“.

vertu1

Тоа е паметен телефон со неуништливо куќиште од титаниум и екран од сафирно стакло, што може да биде изгребано само со дијаманти. Производителот тврди дека екранот ќе остане неоштетен и по удар од 200 грама челично топче, кое паѓа од еден метар височина.

Смартфонот е обложен во телешка кожа и е достапен во пет бои: капучино, црна, портокалова, мока и малина.

vertu 2

Овој паметен телефон целосно е рачно направен во Велика Британија. Според техничките карактеристики, тој работи на оперативниот систем „Android 4.2 Jelly Bean“, има 32 GB вградена меморија, 13-мегапикселна камера и батериja која трае до 14 часа во активен режим и 405 часа во режим на мирување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП