2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОва е знак дека нешто не е во ред со вашите црева:...

Ова е знак дека нешто не е во ред со вашите црева: Три помалку познати симптоми кои луѓето ги игнорираат

Телото обично ни дава сигнали кога нешто не е во ред со нашиот организам, па може да се појават и симптоми на цревни заболувања.

Многумина ги игнорираат, гледајќи ги како нормална состојба, но сепак, експертите предупредуваат дека треба да внимаваме.

Ова се некои од помалку познатите сигнали кои може да укажуваат дека нешто не е во ред со здравјето на нашите црева, а на кои лекарите особено обрнуваат внимание бидејќи многу луѓе ги игнорираат – пишува Дејли Мејл.

Гасови

Еден од тие симптоми се гасовите. Иако повремените гасови се сосема нормални, лекарите објаснуваат дека ако добиваме гасови после јадење одредена храна, тоа може да биде знак дека нашите црева не ја разградуваат храната како што треба.

Имено, постојаната силна абдоминална надуеност и прекумерните гасови, кои често се поврзуваат со други непријатни симптоми на дебелото црево, како течна столица и/или итност да се оди, може да биде знак за здравствен проблем со цревата.

Промени во расположението

Како што објаснуваат лекарите, нашето варење и менталното здравје се меѓусебно поврзани, а секое нарушување во цревата може да резултира со стрес, анксиозност, депресија и други состојби на менталното здравје како шизофренија. Имено, нарушувањето најчесто е предизвикано од нерамнотежа помеѓу микроорганизмите во цревата кои се одговорни за одржување на здравото варење.

Проблеми со кожата

Рафинираниот шеќер и заситените масти често може да бидат причина за слаб квалитет на кожата бидејќи тие можат да предизвикаат нерамнотежа на цревните бактерии што може да придонесе за проблеми со кожата како што се акни, розацеа, егзема, псоријаза, па дури и првут.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП