1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајголемата зделка за авиони во историјата: „Airbus“ и нарачката од „IndiGo“

Најголемата зделка за авиони во историјата: „Airbus“ и нарачката од „IndiGo“

„Airbus“ ја доби најголемата нарачка на авиони во историјата на комерцијалната авијација, објави „СNN“.

Францускиот воздушен гигант објави дека индиската авиокомпанија „IndiGo“ направила нарачка за 500 авиони од моделот „А320“ кои ќе бидат испорачани меѓу 2030-та и 2035-та година.

Договорот поставува „рекорд за најголемиот договор за една купопродажба во историјата на комерцијалната авијација“, се вели во соопштението на „ Airbus“ и го зголемува вкупниот број на авиони „Airbus“ по нарачка од „IndiGo“ на 1.330.

Основана во 2006-та година, „IndiGo“ е најголемата авиокомпанија во Индија по удел на пазарот, според нејзината веб-страница. Во последната финансиска година, таа превезе 86 милиони клиенти. Три четвртини од неговите летови се до домашни дестинации.

Питер Елберс, главен извршен директор на „IndiGo“, рече дека договорот ќе и помогне на компанијата „да ја исполни својата мисија да продолжи да го поттикнува економскиот раст, социјалната кохезија и мобилноста во Индија“.

Елберс додаде дека во Индија „проширената економија и зголемените приходи продолжуваат да го зголемуваат бројот на милиони луѓе кои летаат за прв пат на растечкиот авијациски пазар“.

Авиокомпаниите се желни да ги искористат предностите на силната економија на Индија и нејзиното брзо растечко население, што може да се претвори во поголема побарувачка за авионски патувања во иднина. Во февруари, конкурентот на „IndiGo“, „Air India“, нарача над 470 авиони од „Airbus“ и „Boeing“, потсетува „CNN“.

Меѓународниот монетарен фонд очекува оваа година јужноазиската земја да ги надмине сите главни економии во развој и напредни, забележувајќи раст на БДП-то од 5,9 отсто.

Во април, Обединетите нации процениле дека Индија е на пат да ја престигне Кина и да стане најнаселена земја во светот до средината на годината, со население од 1,43 милијарди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП