2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПристигна новото SUV купе – „Renault Rafale“ (ФОТО/ВИДЕО)

Пристигна новото SUV купе – „Renault Rafale“ (ФОТО/ВИДЕО)

Во пресрет на саемот во Париз, „Renault“ претстави нов модел – „Rafale“, атрактивен купе SUV кој ќе го заземе местото во гамата каде што порано беа „R25“, „Safrane“, „Vel Satis“ и „Avantime“.

Основата е истата што ја користат помалиот „Austral и поголемиот „Espace“, а дизајнот ги следи стапките на помалиот модел „Renault Megane Conquest“.

Новиот купе теренец е поголем од споменатиот автомобил и со должина од 4,71 m, ширина од 1,86 m и висина од 1,61 m, доаѓа како трет француски претставник во сегментот, по „Peugeot 408“ и C„itroen C5 X“, но и уште еден сериозен ривал на конкуренцијата која сепак најмногу доаѓа од премиум сегментот.

Токму така, на „Rafale“ може да се гледа и како француски одговор на, на пример, „BMW X4“.

Како што веќе споменавме, новиот „Renault“ го доби своето име по својата богата историја, времето кога беше активен во воздухопловната индустрија.

Иако повеќето луѓе ќе го препознаат името „Rafale“ како француски повеќенаменски борбен авион, „Renault“ некогаш го користел истото име и за авион.

Имено, тркачкиот едносед „C460“, кој во 1934-та година го претстави воздухопловната компанија „Caudron-Renault“, го доби името „Rafale“, што ја објаснува поврзаноста со денешниот француски производител на автомобили.

„Rafale“ внимателно го следи најновиот дизајнерски израз на брендот. На тој начин автомобилот добива „зашилени“ LED извори на светлина, кои ги продолжува малку агресивно исечениот преден дел на возилото.

Линијата на покривот е силно поставена во купе форма, а задниот дел од автомобилот „затвора“ агол од 17 степени. Како што вели производителот, сосема е во ред што нема потреба од заден бришач кој би ја нарушил хармонијата на формата.

Двобојната комбинација вклучува црни детали во сјајна завршница која изгледа одлично, но не „толерира“ случаен контакт со цврсти препреки.

Конечно, „Renault“ ја прошири палетата на бои со нови нијанси како бисерно бело и алпско сино.

Внатрешноста е подеднакво привлечна. Во кокпитот доминира 12,3-инчен дигитален инструмент табла, вертикално ориентиран 12-инчен екран на допир и 9,3-инчен head-up дисплеј.

Не би требало да има недостаток на простор, особено во багажникот кој нуди 530 литри.

Погодувате, како „Espace“ и „Rafale“ ја споделува технологијата со „Austral“. Но, тука нема компромис, па не се нуди ништо помалку од хибрид.

Како резултат на тоа, „Rafale“ ќе биде поексклузивен и помалку достапен за поширок опсег на клиенти, но многу посакуван, велат од компанијата.

Значи, во основата на гамата е хибрид од 200 ks и 205 Nm, кој се состои од 1,2-литарски турбо трицилиндричен мотор со 130 ks, во комбинација со електричен мотор и батерија од 2 kWh.

Помоќниот хибрид е plug-in со дополнителен електричен мотор во задниот дел и вкупно 300 ks достапни во погон 4×4.

И за крај, да споменеме една конкретна работа. Автомобилот има неколку функции кои се базираат на вештачка интелигенција и служат за помош на возачот и патниците.

Во повеќето случаи, системот активно предлага одредени дејства – на пример, да го исклучите клима уредот ако прозорецот е отворен или да го вклучите ако надворешната температура е премногу висока.

Продажбата во Европа ќе започне следната пролет, а цените ќе бидат објавени поблиску до датумот на пуштање во продажба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП