4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФерги го одбил Абрамович!

Ферги го одбил Абрамович!

SAF

Роман Абрамович со превземањето на Челзи во 2003-та година, првобитно на клупата го сакал Алекс Фергусон. Но за жал, легандарниот Шкотланѓанец без размислување ја одбил понудата. Фергусон оваа инфромација ја откри за американската телевизија Пи-Би-Ес во своето прво интервју, откако ја напушти клупата на „црвените ѓаволи“.

Легендарниот тренер на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон во 2003-та ја одбил понудата да стане тренер на лондонските „сини“.

„Кога Абрамовиќ го купи клубот, испрати понуда преку агентот. Им одговорив дека нема шанси тоа да се случи, затоа што ништо неможеше да ме натера да заминам од Јунајтед“, изјави Ферги.

Фергусон во мај ја заврши импресивната тренерска кариера, а на клупата на Јунајтед го замени Дејвид Мојс.

Во 27-те години колку што Фергусон беше на чело на Манчестер Јунајтед, тој освои 38 трофеи, од кои 13 шампионски титули, две во Лигата на Шампионите, пет трофеи во ФА Купот, четри Лига Куп и светското клупско првенство.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП